1613 Првиот руски владетел од династијата Романови, Михаил Фјодорович, бил прогласен за цар. Со тоа започнала ерата на династијата.
1795 Холандија ѝ го предала на Велика Британија островот Цејлон во Индискиот Океан.
1848 Објавен е Комунистичкиот манифест, дело на Карл Маркс и Фридрих Енгелс.
1916 Започнала Битката кај Верден во Франција, најкрвавата битка во Првата светска војна, која со кратки прекини траела шест месеци, а во која загинале 700.000 војници.
1925 Излегол првиот број на американското списание „Њујоркер“.
1947 Физичарот Едвард Харвард Ленд од Њујорк ја измислил камерата која веднаш ги развива фотографиите. Подоцна, таа го добила името полароид-камера според фирмата „Полароид“ каде што се произведувала.
1972 Ричард Никсон, допатувал во Пекинг, со што започнала нормализацијата на американско-кинеските односи. Тоа било првата посета на еден американски претседател на Кина.
1986 Излегол албумот на американската хеви-метал група „Металика“ насловен како „Господар на куклите (Master of Puppets)“.
1992 Во Вадуц (Лихтенштајн), на Генералното собрание на меѓународната хотелска агенција „Евротел“ во која членуваат девет земји, Република Македонија била примена за десетта членка.
1999 Посетата на индискиот премиер Атал Бехари Ваџпај на Пакистан, прва на еден шеф на влада на соседната земја по десет години, завршила со потпишување на договор за соработка меѓу двете држави во напорите за решение на спорот околу Кашмир, како и за намалување на ризикот од војна.