Две лица приведени поради физички напад врз млада девојка

0
217

Две лица се приведени за физички напад врз 27-годишна девојка во Гостивар.

Според информациите, Д. И. (27) и Ф. И. (22) од Гостивар биле пријавени од К. Ѓ. од гостиварско село дека во угостителски објект на улицата Илинденска во Гостивар физички ја нападнале.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот.

 

press24.mk