Се породи Марија Шарапова, веста ја криеше од јавноста две недели

Поранешната светска тенисерка број еден, сопственичка на пет гренд слем титули, Русинката Марија Шарапова (35) станала мајка. На свет го донела синот Теодор упте на 1 јули, а убавата вест ја сподели со јавноста по две седмици.

„Најубавиот, најпредизвикувачкиот и најголем подарок што нашето семејство можеше да го побара“, објави Шарапова на Инстаграм, крај фотографијата со синот и свршеникот, британскиот бизнисмен, Александер Гилкес, со кого е во врска од 2018 година.

 

24инфо.мк