Разгледување на Мадрид во олдтајмери стари и до 150 години

Сопствениците на олдтајмери се прошетаа со своите возила по улиците на Мадрид, главниот град на Шпанија, известува Анадолу.

Настанот е организиран од страна на Здружението на ветерани на олдтајмери.

Повеќе од 40 сопственици на олдтајмери се состанаа на плоштадот „Мајор“ во центарот на Мадрид и се упатија кон квартот Хојо де Манзанарес.

И Шпанците и туристите покажаа голем интерес за лимените возила на четири тркала кои се движеа во придружба на полицијата, за да не го попречуваат сообраќајот.

Сопствениците на 100 до 150 години старите олдтајмери од брендовите ролс-ројс, форд, доџ и бјуик, рекоа дека го организираат овој настан четири до пет пати годишно, низ Шпанија.

Мартин Вила Родригез е еден од сопствениците на овие вредни возила.

„Ова возило го возам од својата 17 година. Тоа е неверојатно чувство“, порача Родригез.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.