1525 Во Битката кај Павија, во Италија, шпанската армија за првпат во историјата на војните ги употребила пушките „мускети“, и притоа ја победи француско-швајцарската војска. Во таа битка загинаа 14.000 војници.
1582 Воведен е грегоријанскиот календар.
1819 Американскиот конгрес го ратификувал договорот, според кој Шпанија им ја отстапува Флорида на САД.
1882 Во Физиолошкото друштво во Берлин, бактериологот Роберт Кох изјавил дека причината за туберкулозата е патогениот микроорганизам за долгнавест облик, кој според него, е наречен Кохова бактерија.
1887 Воспоставена е телефонска врска меѓу Париз и Брисел.
1920 Во пивницата „Хофбројхаус“ во Минхен претставена е програмата на Националсоцијалистичката германска работничка партија (НСДАП).
1942 Во рамките на пропагандната војна, Министерството за информации на САД започнало со емитување на меѓународната програма „Гласот на Америка (Voice of America)“.
1945 Втора светска војна: Војската на САД го ослободила главниот град на Филипините, Манила кој бил под окупација од страна на Јапонија.
1946 Хуан Перон е избран за претседател на Аргентина.
1968 Борците на Виетконг го зазеле Хуе, третиот по големина град во Виетнам.
1971 Алжирските власти соопштиле дека ја преземаат контролата над француските нафтени компании во земјата.
1974 Властите во Пакистан соопштиле дека официјално го признале Бангладеш (поранешен Источен Пакистан) за независна држава.
1987 Слободан Милошевиќ го посетил САП Косово, каде што се состанал со месните Срби. Во текот на неговите разговори со Србите и со месните комунистички функционери, илјадници Срби се собрале пред зградата и почнале да ја каменуваат, барајќи средба со Милошевиќ. Дошло до конфликт на масите со милицијата и Милошевиќ застанал на страната на народот, изговарајќи го познатото „Никој не смее да ве тепа.“
1998 Францускиот парламент едногласно го ратификувал Договорот за сеопфатна забрана за нуклеарни проби.
2005 Римскиот папа Јован Павле II бил подложен на сложена операција со која во дишникот му бил вграден катетер.