ЦУК: Починатото лице во пожарот во Илинден било горе на вагонот и се запалило од силен струен удар

0
165

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека во 21.05 часот од страна на дежурниот во Македонски железници добиле телефонски повик и пријава дека на железничка станица „Илинден“ има пожар на една цистерна и за истиот биле информирани и БППЗ на Град Скопје. Од страна на РЦУК Скопје била контактирана БППЗ од кои беше потврден настанот и дека две нивни екипи се на терен.

За истиот настан беа информирани и дежурните во Полициските станици Автокоманда и Петровец, од каде што беше потврден настанот. Од страна на Секторот за операции и координација на ЦУК беа известени дежурните оперативни центри на МВР и Дирекцијата за заштиа и спасување (ДЗС).

По интервенцијата на БППЗ на Град Скопје пожарот е изгаснат и како последица на истиот има починато едно лице. На местото на настанот се присутни претставници на Итна медицинска помош, Полицијата и Јавното обвинителство кои постапувале согласно нивните процедури.

Инаку, според информации од граѓани, кои биле во близина на настанот, починатото лице било горе на вагонот и се запалило од силен струен удар, од електричните жици над вагоните, но се чека официјална потврда на тие информации.

извор: Република