(ВИДЕО) Автопатот Елбасан Ќафасан веќе се гради

Автопатот Елбасан Ќафасан веќе се гради. Директорот на Агенцијата за државни патишта Ервис Бербери неодамна изјави дека патот ќе биде со четири ленти, проектот предвидува интервенција на постојниот пат, но и изградба на нови сегменти во зависност од теренот.

Градежните работи започнаа во ноември за првите 5,3 километри од овој пат, делница Џибрак-Мирак, која делумно беше нов терен и привремено се користи стариот пат. Ќе има и надвозник. За ова планирани се средства од 25 милиони евра. Напоредно со тоа ќе се направи студија за изградба на бајпас во Елбасан со цел да не се влегува во градот, рече Бербери.

Патниот правец Ќафасан – Прењас-Елбасан (8,1 километар) е дел од коридорот 8 и главен јазол на копнената врска со Македонија и Грција и последните години има за неколкупати зголемена фреквенција.

Изграден пред повеќе од две децении единствените инвестиции беа во неговото одржување. Во нашата анализа оцениваме дека проширувањето на патот ќе ги намали сообраќајните незгоди и честите блокади, го олеснува сообраќајот и го скратува времето на патување, како во правец кон Северна Македонија, така и во правец кон Корча, со зголемување на максималната дозволена брзина, додава Бербери.

 

видео: NEWS1.MK