ВМРО ДПМНЕ: „Европеецот“ Маричиќ треба да знае дека во дипломатијата злоупотребувањето на амбасадори е скандал

0
158

Маричиќ наместо да продава демагогии време е да почне да се занимава со реалната политика и вистинските проблеми на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Едно е јасно, лагата дека власта има мнозинство за уставните измени се распрскува како меур од сапуница. Залудна им е кампањата дека оваа власт претставува некаков „европски фронт“, оваа власт е репрезент на криминалот и корупцијата!

Овој парламентарен состав нема мандат да одлучува за уставни измени, единственото решение се брзи избори на кои граѓаните ќе одлучуваат за се во оваа држава, вклучувајќи ги и уставните измени.

Маричиќ треба да е свесен дека уште многу малку ќе ужива во својата бифтек политика.

 

извор: ВМРО ДПМНЕ