Делегации на Општина Охрид и останати институции во градов положија свежо цвеќе пред спомен куќата на Марко Бошнаков со што се одбележаа 115 години од неговата смрт. Чествувањата продолжија со културно уметничка програма во спомен куќата на Христо Узунов.
Пред присутните меѓу кои беа и членовите од семејството на Бошнаков се обрати заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиноски, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
Во објавата градоначалникот додава:
🗣Најверојатно никогаш нема да се најде начин со кој на исто ниво би му заблагодариме на Охридскиот гемиџија Марко Бошнаков за неговиот највисок патриотски чин на саможртва за самобитноста на македонскиот народ и градењето на Македонската држава. Секое чествување во однос на она што тој го направил за нас е премало и прескромно.
🗣Денеска одбележувајќи 115 години од смртта на Марко Бошнаков се потсетуваме на неговиот огромен патриотизам, на храброста да се биде дел од малкумината кои вршејќи ги солунските атентати сакаа да го одвлечат вниманието на „Светските елити“ за случувањата во нашата поробена земја.
Во рамки на свеченостите настапија членовите на КУД „Гердан од бисери“, а историски час одржа кустосот при охридскиот Завод и музеј, Горан Митрески.
извор: ФБ Кирил Пецаков