Човек близок до Груби лапна хотел на Попова Шапка по цена на гарсоњера, велат од ВМРО ДПМНЕ

Човек близок до Груби лапна хотел на Попова Шапка по цена на гарсоњера.

Пред власта да склучи договор со една градежна фирма за продолжување на работата на автопатот Скопје – Блаце истата го продава хотелот во нејзина сопственост на Попова Шапка од 278м2 на фирма блиска до Груби, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Цената по која фирмата блиска до Груби го купува хотелот е само 55.000 евра, кога ќе се пресмета цената за која е купен квадратен метар се добива сума од 200 евра.

Како е можно сите зделки кои се поврзуваат со луѓе околу Груби да се склучуваат и 20 или 30 пати под цена?

Која е економската оправданост за продажба на хотел за 55.000 евра? Дали продажбата е услов за потпишување на договор на власта со таа градежна фирма и дали станува збор за рекет?

ЈО не смее да чека, купувањето на вреден имот под цена на луѓе околу Груби е крајно симптоматично и мора да подлежи на истрага.

 

извор: ВМРО ДПМНЕ