(ВИДЕО) Во Турција се урна шесткатница како последица од земјотресите

0
110

Шесткатна зграда целосно се урна во турскиот град Шанлиурфа, во областа Халилија, која беше погодена од земјотресот на 6 февруари.

На локацијата под урнатините припадници на Управата за вонредни ситуации на Република Турција, противпожарната бригада, медицински екипи и безбедносни сили трагаат по преживеани.

Гувернерот на Шанлиурфа, Салих Ајхан, изјави дека едно лице е пренесено во болница, а за друго се верува дека е заглавено под купот од бетон.

Градоначалникот Зејнел Абидин Бејазгул и други локални претставници веднаш излегоа на местото на несреќата.

Речиси два милиони луѓе останаа без покрив над главата во Турција по разорниот земјотрес.

Многумина беа сместени во шаторски кампови, па некои од луѓе почнаа да се враќаат во своите оштетени домови.

Видео:you tube Boris Djuric, TWITTER