Драги пријатели, со многу љубов и трпение, работиме неколку месеци на црковниот проект “Терирем”( аудио материјал наскоро, но и промотивни концерти, ако Бог даде). Сузана Спасовска – солист, Георгиј Секуловски ( поддршка, консултации, вокал) и Вокален клирос “Пелагонитиса”. Ова е обид, одбраните верзии на Православните литургиски химни да ги доближиме до народот и помладата популација. Црковните песни и фолклорот се природно поврзани, а Бог ни дал слобода секој да ги почувствува на свој начин во своето срце.
Видеото и фотографиите се на една, од првите проби за солист. Со добра мисла и Божја помош до целта, пишува Сузана во својата објава на ФБ.