Авионот на американската авиокомпанија „Саутвест ерлајнс“ морал да се врати на кубанскиот аеродром „Хозе Марти“ откако моторот на авионот се запалил по удар на птица.
Авионот летал меѓу Хавана и Форт Лодердејл, Флорида.
Портпаролот на авиокомпанијата потврди за NBC дека инцидентот се случил во неделата, дека нема сериозни повредени и дека авионот безбедно слетал на аеродромот во Хавана, пренесе Ројтерс.
извор: Ројтерс.