Home МАКЕДОНИЈА Убиениот скопски наркобос бил во врска со српска старлета, која ја претепал...

Убиениот скопски наркобос бил во врска со српска старлета, која ја претепал и заканил ќе објави видео +18 од неа

0
708

Ладнокрвното убиство кое се случи во Стара чаршија во Скопје и денеска ја тресе јавноста и надвор од нашите граници.

За настанот пишуваат и медиумите надвор од земјава, а еден од убиените го поврзуваат со позната старлета во Србија и реалити личност, Александра Николиќ.

Како што пишуваат српските медиуми Јетон Кривањева бил во врска со Алекс Николиќ, која пак неговата насилничка природа ја искусила на своја кожа.

Потсетуваат на исповед која старлетата ја дала за годините кога била во врска со Кривањева. Таа на времето настапувала во клубови во Македонија, каде го запознала сега убиениот. Извесно време живееле заедно во Скопје.

-Поради него ја напуштив работата, бидејќи му сметаше тоа што танцував. Ми беше убаво со него година ипол, но го оставив затоа што ме претепа. Тоа го направи затоа што се умисли дека се загледувам во некое момче. Толку ме претепа што имав сериозна повреда на усната, изјавила Николиќ, која поради ова ја завршила врската.

Таа додава дека Кривањева долго потоа и се заканувал дека ќе објави компромитирачки материјали за неа.

Кривањева, инаку, се поврзува со криминалното подземје. Тој и Енез Исени беа синоќа убиени во кафулето „Шиша бар“, кога неколкумина лица во фантомки влегле во објектот и ги застрелале во глава.

kurir.mk