Најчевска: Знаете дека ве прават будали во очи? Нели? Зошто молчиме пред Али Ахмети?

0
170

Професорката Мирјана Најчевска ги критикува министрите од ДУИ, откако вицепремиерот Артан Груби објави фотографии од нивната денешна дружба, на кои се гледа како министрите се разонодуваат играјќи фудбал и кошарка во канцелариите на Министерството за политички систем.

-Знаете дека ве прават будали во очи? Нели? Мислам не е можно да не гледате. По 11 години во власт со ВМРО-ДПМНЕ која ја прогласивме за партија која практикуваше авторитаризам до ниво на фашизам, тие излегоа чисти како солза. Го освоија правосудството кое е прогласено за најкорумпирано во регионот и пошироко, ни ја диктираат надворешната политика која ја претвори државата во земја за спрдачина, го прекршуваат секој закон, измислуваат закони за да го направат нелегалното легално, криминалот го претворија во стопанска гранка, непотизмот го прогласија за легитимен во кариерното напредување, поткупот и рекетот ги промовираа во највисоки вредности, успеваат да претворат во кал сѐ што ќе допрат, а се промовираат како европски ориентирана зелена партија која е столб на напредокот на Македонија. Колку треба да си будала за да го проголташ ова и да молчиш? Па не молчевме пред Груевски. Зошто молчиме пред Али Ахмети? Затоа што ако го спомнеме, некој како мојот поранешен пријател Џабир Дерала ќе не нарече националисти? Или…?, прашува Најчевска.

извор: ФБ Мирјана Најчевска