Агелер: Едно до две имиња од Македонија ќе има на „црната“ листа на САД

0
135

Едно или две имиња од Македонија ќе содржи црната листа на Вашингтон што ќе биде објавена во наредните месеци. Ова го најави амбасадорката Анџела Агелер, која повтори дека има повеќе листи на санкции кои се подготвуваат во Вашингтон.

„Има луѓе кои треба да се разгледаат, но бидејќи системот во Вашингтон е многу правно внимателен, тој бара време и истражување за наводните криминали за да не ставиме на листа некој што не заслужува да биде таму. Тоа е систем кој се менува и поместува и мислам дека во наредните месеци ќе видиме едно или две имиња и тоа ќе биде процес што ќе продолжи. Не запира, тоа е континуиран систем во Вашингтон“, порача Анџела Агелер, амбасадорка на САД.

 

Фото: Архива