Пари: Хотели – Метропол АД Охрид, двојно зголемени приходи во услови на скапа струја и храна

Позитивни се финансиските резултати од минатогодишното работење на Хотели-Метропол АД Охрид, и покрај сета непредвидливост на макроекономските фактори надополнети со шоковите од ценовните скокови кај струјата и храната, особено изразени во главната туристичка сезона. Показател за тоа се приходите, кои за 2022 година се во износ од 2,9 милиони евра (182.349 илјади денари). Кога ќе се споредат со достигнувањата од претходната 2021, забележливо е повеќе од двојно зголемување – од 55,42 насто. Во најголем дел ова движење се темели на основната дејност – 2,8 милиони евра или 172.819 илјади денари. Конкретно, тука се работи за раст од 67,14 проценти во однос на 2021 година. Останатите приходи кои се во износ од 156,5 илјади евра (9.530 илјади денари) бележат намалување. Додека, пак, финансиските приходи се зголемени и изнесуваат 13,6 илјади евра (833 илјади денари), објави pari.com.mk.

Расходите од работењето – од 2,9 милиони евра (181.057 илјади денари) се поголеми за 36,58 насто во однос наоние од годината пред тоа. Во овој сегмент, со удел од 37,19 проценти доминантни се трошоците за вработените, со вредност од 1,1 милион евра (67.337 илјади денари). Гледано од аспект на 2021, кај оваа ставка има зголемување од 28,35 проценти. Што, пак, произлегува од растот на минималната плата. Воедно, и трошоците за суровини и материјали од 972,7 илјади евра (59.225 илјади денари) се значајни кај расходната страна, со учество од 32,71 процент. А, во однос на 2021 година се зголемени за високи 70,39 насто. Финансиските расходи исто така се зголемени – за 24 проценти.

Нето добивката на Хотели-Метропол АД Охрид за 2022 година е во износ од 15,8 илјади евра или 967 илјади денари.

Текстот во целост на:pari.com.mk.