Основниот кривичен суд Скопје информира дека судењето на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири се одложува во наредните 3 до 4 недели поради неговата психичка состојба.
-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 193/22, ја информираме јавноста дека, расправата насрочена за 13.03.2023 година ќе се одложи. Имено до судот е доставено ново стручно милсење на вешто лице – психијатар, според кое заради достабилизација на психичката состојба на обвинетиот М.З., се препорачува одлагање на судењата во следните три до четири недели. Со оглед да се работи за здравствена состојба, судењето ќе биде одложено, а главната расправа ќе се насрочи во координација со останатите странки во постапката, како и согласно препораката на вештото лице, за што јавноста ќе биде дополнително известена, соопштуваат од Кривичниот суд.
Зекири се товари за незаконско склучување консултантски договори со кои го оштетил државниот буџет за нешто преку 1,45 милиони евра. Предмет на договорите биле „Македонска пошта“ и „Железници на РСМ Транспорт АД Скопје“.
фото: Архива