Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ соопшти дека се откажани летовите до и од Грција поради претстојниот 24-часовен штрајк во земјата, пренесува Анадолу.
Контролорите на воздушен сообраќај во Грција ќе се вклучат во штрајкот во четврток поради смртоносната железничка несреќа што пред извесно време се случи во земјата.
„Нашите летови во четврток ќе бидат откажани од Истанбул до Атина и Солун и обратно“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.
На 28 февруари патнички воз се судри со товарен воз во близина на градот Темпи во северната провинција Лариса во Грција.
Официјалниот број на загинати изнесува 57, меѓу кои многу студенти и девет члена на екипажот.
Извор:Анадолу.
фото:Анадолу.