На денешен ден се одбележува јубилејот 130 години од нејзиното раѓање.
Пред нејзиното вечно почивалиште во знак на почит и сеќавање делегација на општина Охрид предводена од заменик градоначалникот, Перчо Божиноски и делегација на Здружението на лекари од Охрид положија свежо цвеќе.
Пред одржувањето на овој јубилеј, во чест на д-р Елена Каваева-основоположникот на охридското и македонското здравство , ЈП „Градски гробишта“ изврши санација на спомен – плочата и уредување на нејзиното вечно почивалиште.