Сеништето од банкарски банкрот ја прогонува Европа – откако на крајот од минатата недела се затвори американската Банка на Силиконската долина- СВБ, турбуленции има и во европскиот финансиски сектор. Прашањето за ликвидноста на една од најголемите банки, Кредит Свис, вклучи тревога кај економистите. И натаму има многу аргументи за зголемување на референтната каматна стапка од 0,5% од страна на Советот на Европската банка во четврток, но сомнежите дека ќе се случи овој најавен чекор растат, објави DW.
Саудиската национална банка во минатата година инвестираше 1,5 милијарда долари во Кредит Свис банката. Алмар Ал Кудари, претседател на саудиската банка, за Блумберг изјави дека повеќе од таа сума нема да се вложува во и оти неговата банка нема интерес да поседува повеќе од сегашните 9.8% акции. Сопственоста на повеќе од 10% од акциите повлекува и построг државен надзор, повисока регулатива за транспарентност и построга регулација. Во време на разнишан финансиски сектор по банкротот на Банката на Силиконската долина, ова интервју предизвика пад на акциите кај речиси сите банки. Кредит Свис загуби речиси една третина од нејзината берзанска вредност. „Ние сме силна банка“, изјави во едно интервју извршниот директор на банката, Улрих Кернер, во обид да ја смири ситуацијата, што е нетипично за оваа бранша, и додаде: „во основа ги исполнуваме и надминуваме сите регулаторни барања. Нашиот капитал и ликвидност се многу, многу јаки.“
Неспоредливи се разликите меѓу средната по големина и брзорастечка Банка на Силиконската долина и етаблираната голема банка Кредит Свис. Американската банка банкротираше поради купување и задржување на огромни износи на фиксен приход. Поради континуираниот раст на каматите, овие ниско оданочени хартии од вредност, сѐ повеќе губеа на вредност. Намалувањето на вредноста на главницата ја уништи банката. Завршниот годишен извештај на Кредит Свис пак покажува дека обврзниците се драстично намалени и сочинуваат само еден мал дел од билансот. Но кога се шири „кризното расположение“ поединечни случаи повеќе не играат никаква улога. Едноставно се чувствува анти-банкарско расположение. Многу економисти од финансискиот сектор се обидуваат да ја смират ситуацијата. Ги потенцираат разликите и се обидуваат да ја претстават Европа во поповолно светло. Што се однесува до вработените во банките, нивниот личен интерес е јасен. Надзорното тело Бафин, кое е дел од германското Министерство за финансии, исто така мора да биде внимателно. Фактот што од Бафин за агенцијата Ројтерс изјавија дека во моментов нема знаци дека во Германија клиентите ги повлекуваат парите од банките, не кажува многу. Во моментов никој нема конкретни докази за „повлекување на капитал од банките“.
Текстот во целост: DW.