More

    Мицкоски: Ајде на предвремени парламентарни избори, да не се држи државата во грч, ако е проблем техничката влада подготвени сме и без тоа

    Ние јавно подадовме рака за предвремени парламентарни избори, дури и рековме ако е услов 100 дена техничка влада, јавно се откажуваме и ја фрламе раквицата дека не треба да има 100 дена техничка влада и дури не треба воопшто да ја има и веднаш да го смениме законот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата во Битола одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на Артан Груби за Албанец премиер и молкот од СДСМ за тоа.

    Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е спремно да оди на предвремени парламентарни избори и без техничка влада дури и до истите да остане Спасовски министер за внатрешни работи до избори да ги прави оние дејства што ги прави изминативе 7 години, па дури и министерката за култура да остане и да понижува на отворена сцена.

    – Нема потреба од техничка влада, нема потреба од тие 100 дена туку веднаш да одиме на избори. Тоа е мислам разумно. Ако зборуваме за есенски избори, тогаш овие луѓе ако ги прашате дали да има парламентарни избори па претседателски избори следната година, односно државата и бизнисот да бидат во грч повеќе од 10 месеци, сигурно ќе ви речат, не. Односно или сега предвремени избори или заедно во еден трошок претседателски и парламентарни избори, рече Мицкоски.

    Мицкоски нагласи дека е свесен дека некој ќе го критикува за ваква изјава, но ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија и сака и бизнисот да биде поуспешен за да отвора што повеќе работни места и да имаат вработените подобри примања.

    – Стоиме на располагање, не мора техничка влада, со истиве министри до избори да одиме веднаш на предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски.

    извор: ВМРО ДПМНЕ

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    9.8 ° C
    9.8 °
    9.8 °
    76 %
    1kmh
    0 %
    Tue
    15 °
    Wed
    16 °
    Thu
    18 °
    Fri
    19 °
    Sat
    20 °
    spot_imgspot_img