При денешната средба со претставниците на Регионална Стопанска Комора Битола во хотел „Капри“, во Битола претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што владата ги замрзнува цените на тестенините, а се фали со раст на минимална плата и како сето тоа ќе влијание врз економијата истакна дека станува збор за исклучително неспособна, ненародна и не кредибилна влада на ДУИ поддржана од СДСМ а изнудените ад хок решенија не се решенија и токму таквата состојба е една од причините поради кои ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори.
„Јас кажав дека станува збор за исклучително неспособна, ненародна и не кредибилна влада на ДУИ поддржана од СДСМ. Јас не очекувам ништо повеќе од влошување на состојбата и една од причините зошто ние како ВМРО-ДПМНЕ бараме предвремени избори е токму тоа, овие безидејници да заминат и да дојдат луѓе кои што знаат како да се справуваат со предизвиците. Изнудени ад-хок решенија, не се решенија, само ќе ја потсетам македонската јавност дека Македонија како држава има двојно повисока инфлација од тоа што е инфлацијата во еврозоната. А се сеќавате до скоро не убедуваа дека инфлацијата е увезена. Како е тоа увезена кога е два пати поголема од таа каде што е наш најголем трговски партнер а тоа е Европската Унија. Затоа ве молам да ме разберете, кога зборувам за промена на оваа влада, не зборувам за власт, не зборувам за да ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт и да има комотна позиција, зборувам да ја спасиме Македонија од оваа криминална, безидејна, и неспособна влада на ДУИ за жал поддржана од она што остана од СДСМ“, нагласи Мицкоски.
извор: ВМРО ДПМНЕ