(ВИДЕО) Физичка пресметка на босански политичари во хотел

0
161

Халил Бајрамовиќ, претседател на НИП на Унско-санскиот кантон, е еден од актерите во инцидентот што се случил вчераутро во хотелот „Холидеј ин“, каде дошло до физичка пресметка межу него и советникот на премиерот на УСК, Сулејман Самарџиќ. По инцидентот и физичката пресметка, објавено е видео на кое се гледа како Халил Бајрамовиќ физички го напаѓа Сулејман Самарџиќ.

Халил Бајрамовиќ денеска за порталот „Аваз“ демантираше дека имало конфликт и рече дека дезинформацијата ја рашириле „ботови на НЕС“ и премиерот на УСК Мустафа Ружниќ.

Сепак, врз основа на видеото кое синоќа го објавија босанските медиуми, очигледно е дека Бајрамовиќ лаже, а информацијата дека го нападнал Самарџиќ сепак е точна.

Имено, на снимката прво може да се забележи токму Бајрамовиќ, а потоа и Самарџиќ, па откако двајцата ќе влезат во лифтот, Бајрамовиќ му удира неколку шлаканици.

 

avaz.ba