Мартовските пензии повисоки за 8,4 проценти

Мартовската пензија за сите пензионери во Северна Македонија ќе биде повисока за 1.484 денари односно 8,4 проценти. Ова е одлуката која денеска ја донесе Советот на социјална сигурност на денешнито состанок во Влада. Во септември ќе следува уште едно зголемување на износнот на пензиите но износот ќе зависи од порастот на трошоците на живот и просечната плата.

Премерот Ковачевски истакна дека согласно пресметките, од почетокот на мандатот на Владата, пенизиите во септември ќе бидат повисоки за 25 проценти.

„Зголемувањето на мартовската пензија во согласност со методологијата, ќе биде зголемување од 8,4 %, што е и повеќе од очекуваното. Во оваа 2023 година, ќе следува уште едно во септември, усогласено според трошоците за живот и порастот на просечната плата, што значи дека за една календарска година растот на пензиите ќе биде околу 16 %. Или од првиот ден на оваа Влада, јануари минатата година, со покачувањата на пензиите, кои беа минатата година, во март и во септември, заедно со ова покачување и со покачувањето што следува во септември, пензиите ќе бидат поголеми 25 “, рече Ковачевски.

Методологијата при пресметката за зголемувањето на пензиите е 50 отсто од порастот на трошоците за живот и 50 отсто од порастот на платите во периодот меѓу двете зголемувања.

„Минaтaта година беше променета методлогијата за усогласување на пензиите. Станува збор за нов начин по кој веќе втор пат ќе се врши усогласување.За пресметка поркај растот на трошоците на живот се зема предвид и растот на просечната плата. Со овој начин се овозможува реален пораст на пензиите во однос на платите.Останува да продолжиме заедно со Сојузот на пензионери да ја унапредуваме соработката и да ги креираме идните политики со кои ќе овожиме достоинствен пензионерски живот“, изјави Јована Тренчевска министер за труд и социјална политика

Претставнциите на пензионерите велат дека ова е само основата за подобрување на социјалниот статус на пензионерите во држвата.

„Антикризните мерки наменети за пензипонерите беа добри но краткорочни. Есенцијално барање на пензионерите е покачување на лимитот до кој се ослободени од болнична партиципација и верувам дека наскоро ќе бидат израдувани а понатаму и права кои треба да ги добијат со новата позитивна листа и социјално домување“, рече Станка Трајковка

Пензионерите се на став дека овие средства иако не се многу сепак ќе им помогнат бидејќи се потполно зависни од приходите од Буџетот односно од мнесечната пензија.

фото: Архива