More

    Ковачевски ги пречека Борел и Вархеји: Европска поддршка за следниот исчекор во европските интеграции

    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Скопје ги пречека и имаше средба со високиот претставик на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел и комесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји.

    На состанокот е разговарано за важноста од следниот исчекор на Република Северна Македонија во европските интеграции, како прашање од значење за перспективите на нашата држава и за стабилноста на регионот и на Европа.

    Премиерот Ковачевски се заблагодари на високите европски претставници, за нивниот придонес, како и на европските партнери, за заедничкиот успех во отворањето на преговорите на Сeверна Македонија со Унијата, лани во јули.

    Владата на Република Северна Македонија, како што нагласи премиерот Ковачевски, е фокусирана на европската агенда, работи на имплементацијата на реформите, на унапредувањето на соседските односи во духот на европските вредности и е посветена на успех и во следниот исчекор во евроинтеграциите.

    Средбата на премиерот со европските преставници се реализираше пред почетокот на Шеснаесеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, што ќе се одржи денеска во Скопје, на којшто претседавач ќе биде претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, а ко-претседавач од страната на Европската Унија, високиот претставик на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Борел, а ќе присуствува и комесарот за соседска политика и проширување, Вархеји.

     

    извор: ВМРО ДПМНЕ

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    6.8 ° C
    6.8 °
    6.8 °
    65 %
    1kmh
    0 %
    Thu
    10 °
    Fri
    19 °
    Sat
    22 °
    Sun
    15 °
    Mon
    9 °
    spot_imgspot_img