More

    Вучиќ: Ништо не потпишувам во Охрид

    Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека на продолжението на разговорите со косовскиот премиер Албин Курти во Охрид „нема да потпише ништо“, туку дека „ќе разговара за нормализација на односите“.

    На митингот во Сремска Митровица, Вучиќ рече дека Белград мора да разговара со властите во Приштина, „особено затоа што многу од нив сакаат да го скршат столбот на слободна, слободарска и независна Србија“.

    На митингот во Сремска Митровица, кој се одржа во исто време со собирот на десничарските опозициски партии во Белград против француско-германскиот план за Косово, Вучиќ изјави дека „не можат да го уценуваат“.

    „Но, ние ги знаеме нашите црвени линии во секое време…Сега повеќе од кога било ни треба мудрост, потребен ни е мир, не неодговорност“.

    фото: Архива

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    6.8 ° C
    6.8 °
    6.8 °
    65 %
    1kmh
    0 %
    Thu
    10 °
    Fri
    19 °
    Sat
    22 °
    Sun
    15 °
    Mon
    9 °
    spot_imgspot_img