(ВИДЕО) Запалено градското собрание во градот Бордо на синоќешните протести во Франција

Непознати лица го запалија градското собрание во Бордо во Франција во големите протести кои сè уште траат во државата, против зголемувањето на границата за пензија на 64 години. Пожарот бил изгаснат од пожарникарите.

https://twitter.com/Arwenstar/status/1638999372141678610?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1638999372141678610%7Ctwgr%5Ef87dd88a51a8c6dd7854c0207c2c3a5bf8f5bf01%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fvideo-goreshe-sobranieto-vo-bordo-francuzite-ushte-palat-i-zharat-za-penziite%2F

Повеќе од милион луѓе во Франција се борат со полицијата, со солзавецот, а запалени предмети и инциденти има и во Париз. Следниот вторник во земјата на посета доаѓа британскиот крал Чарлс III, а синдикатите допрва повикуваат на нови протести, пишува Би-Би-Си.

Во Париз маскирани демонстранти кршеа излози, демолираа уличен мебел и нападнаа ресторан на Мекдоналдс, според новинската агенција Ројтерс.

Инаку бројот на приведените за време на протестите во Франција се зголеми на 457, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен.

– Досега се повредени 441 полицаец и жандар, додаде тој, заблагодарувајќи им се на органите на редот и на пожарникарите за нивната работа за време на демонстрациите. Демонстрациите беа многубројни и на места прераснаа во судири, особено во Париз, до доцна во ноќта, истакна Дарманен.

Тој додаде дека само во Париз биле запалени 903 објекти лоцирани на јавен простор, вклучително и контејнери за ѓубре.

Вчера беше деветти ден од протестите против пензиските реформи во француските градови. Во главниот град на Франција, хулигани ја нападнаа полицијата со шишиња, камења и бомби, а тие одговорија со солзавец. Според претставници на органите на редот, меѓу демонстрантите имало 1.500 хулигани, од кои многумина специјално пристигнале тој ден од париските предградија.

Видео: TWITTER NAT