Невреме придружено со град и торнадо го погоди грчкиот остров Родос. Поради високиот водостој на патот, граѓаните останаа заробени во своите автомобили.
Пожарникарите со едно противпожарно возило утрово се обиделе да ослободат три лица кои останале затрупани во возилата, пренесува Телеграф.
И синоќа Родос беше погоден од невреме.
Во исто време, штета предизвика и торнадото што се случи во северниот триаголник на Родос, поточно од областа Калитеа до областа Зефирос.
Како што е познато, силно торнадо откорна или скрши гранки од големи дрвја, а штети беа предизвикани и во областа Неа Марина.