На Урош Ашковиќ му биле потребни 1015 склекови, за официјално да го собори Гинисовиот рекорд во категоријата „склекови со тежина“.
Урош од Обреновац, Србија, успеал да го собори претходно поставениот рекорд од Канаѓанец, со 70 склекови повеќе, а своето искуство го раскажал за српската телевизија „Прва“.
„Тренирам 13 години и правам вежби за тело како склекови, влечење, стомачни и разни варијации на овие вежби. Ништо не ми претставуваше преголем проблем, освен адаптациите на ранецот со тежина што го имав на себе. Значи, не правев класични склекови, туку склекови со плус 18 килограми спакувани во ранец. Имав задача да го навикнам телото на тој дополнителен товар. Тоа беше само прашање на време кога ќе го соборам веќе поставениот рекорд“, објаснува новопечениот Гинисов рекордер.
View this post on Instagram
slobodenpecat.mk