Кина го изврши првото лансирање со новата ракета носач произведена од приватниот сектор

Кина го изврши првото лансирање со новата ракета-носач „TL-2 Y1“ произведена од приватниот сектор во земјата, пренесува Анадолу.

Според веста на новинската агенција „Синхуа“, сателитот со далечинско набљудување со новата ракета е лансиран во вселената.

Се вели дека лансирањето е реализирано од Центарот за лансирање сателити во Џјиучјуан, што се наоѓа на пустината Гоби.

Ракетата носач „TL-2 Y1“ е развиена од компанијата „Space Pioneer“ со седиште во Пекинг, и е првата ракета со течно гориво што е развиена од приватна компанија во Кина.

Претходно, приватните кинески компании „i-Space“, „SQX-1 Y1“ и „Galactic Energy“, извршија лансирања со ракетите „CERES-1“. Двете ракети користат погонска технологија со цврсто гориво.

Ракетите со течно гориво се претпочитаат во вселенските програми бидејќи обезбедуваат поефективен погон од цврстото гориво.

Во Кина како главен систем носач се користат ракетите „Лонг марч“, што се произведени и развиени од јавното претпријатие „Компанија за воздухопловна наука и технологија на Кина“.

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.