(ФОТО) Миа Костова за својата партнерка Тијана „И должам живот“

На прашањата за нејзиниот љубовен живот, односно за тоа дека беше првата јавна личност во земјава која јавно објави дека е во врска со тогашната девојка Маја, на насловна страница во весник, Миа вели дека секогаш го правела она што го чувствува.

– Во целата таа приказна, татко ми беше фрапиран, а мајка ми ми кажа една реченица која им ја посветувам на сите родители чии деца се во иста ситуација… имаш две опции, да го прифатиш или да го изгубиш детето. Верувам дека ова второво на никој родител не му одговара- откри водителката.

На прашањето дали Миа има нова девојка, односно дали Тијана Скулиќ, младата девојка која постојано ја гледаме во друштво на водителката и синот Андрија е нејзината нова љубов, Миа одговори:

– Многу време поминуваме заедно, ми стана преблизок пријател за многу кратко време и покрај тоа што е релативно многу млада. После една сериозна емотивна агонија од пет години, ми покажа дека има и друга страна целата приказна. Можам да кажам дека е човек кој ме крена од мртвите. Во момент кога се појави Тијана ми даде една друга слика на целата приказна, не емотивна, но слика која направи да видам која сум јас. Тијана само ми го покажа патот кој сум знаела дека го имам за себе и мислам дека ѝ должам живот. Таа ми е буквално „Life changer“ и покрај тоа што е многу многу помала од мене.

За себе, Миа вели дека се заљубува во човек, а полот не е воопшто важен.

 

zenskimagazin.mk