Околу 5 часот и 30 минути автобусот кој превезувал работници од Крагуевац за Рача излетал од патот. Според првичните информации полесно се повредени 18 патници.
Според изјавите на очевидци, возачот изгубил контрола и возилото се лизнало во каналот покрај патот, пишува Данас.
Интервенирале три екипи на итната помош од Крагуевац, при што според првичните информации повредени се 18 патници. Според итната помош, тие најмногу се здобиле со полесни повреди и набиеници на екстремитетите, рацете и рамената.
Од полициската управа Крагуевац за Данас потврдија дека околу шест и пол утринава автобусот излетал од патот во градот Собовица на регионалниот пат Церовац – Рача.
Во Шумадија од синоќа паѓа обилен снег, па и ова е можна причина за лизгање на автобусот.
извор: Данас