Демократски сојуз: Неквалификувани кадри раководат со јавни претпријатија

0
133

Демократскиот сојуз изразува загриженост во врска со неодамнешното назначување на поранешен келнер за нов генерален директор и претседател на Управен одбор на Македонски Железници Транспорт АД-Скопје.

Сметаме дека раководните позиции во јавните претпријатија мора да бидат пополнети со професионалци со долгогодишно искуство, знаење и висок степен на професионалност и интегритет.

Ја повикуваме Владата да ја преиспита својата одлука и да почне да применува транспарентен и мерит процес на селекција при сите именувања во јавните претпријатија. Владата мора да даде приоритет на компетентноста, стручноста и интегритетот при изборот на поединци за такви позиции. Политичката припадност не може и не смее да биде главен критериум при вработување или поставување на раководна позиција.

Граѓаните очекуваат со јавните претпријатија да раководат врвни професионалци, одговорно и транспарентно.

Од суштинско значење е Владата преку поставување на носители на јавни функции да води сметка за нивната компетентност, стручност и интегритет.

Некомпетентното раководство има негативно влијание и врз успешноста на претпријатието, а тоа има одрз и врз земјата во целина. Лошото одлучување ќе доведе и до дополнителни финансиски загуби и намалени јавни услуги.

Оваа пракса прави огромна штета на угледот на претпријатието и државата во целина, а младите кадри ја напуштаат земјата.

Демократски сојуз инсистира на поголема одговорност во процесот на именување и назначување на функционери, транспарентен процес и цврсти критериуми.

извор: Демократски сојуз