Телма: Инспекторите не го најдоа зеленчукот, но ги одземаа сите фактури од увозниците под сомнеж дека лажирале цени

0
184

Зеленчукот и овошјето останаа во магацините. Капијата отворена, купците ги нема.

Инспекторите не го зеле зеленчукот и овошјето, но ги одземале сите фактури од увозниците под сомнеж дека лажирале цени пред царинската управа, објави Телма.

Придружувани од полиција,три часа по полноќ инспекторите упаднале со кај фирмите увозници кои имаат претставништва на кванташкиот пазар.

Саботната акција се одвива на територијата на целата земја.

Додека инспекторите проверуваат, газдите увозниците молчат.

Ги избегнаа камерите за одговори дали знаеле или биле дел од оваа шема за криење на данокот.

Но, во разговор со новинарите признаа дека морале да прикажуваат фактури со пониска цена, само за да платат пониски давачки при увоз со цел цената на компирот, кромидот, пиперката и доматот да биде достапна за граѓаните.

Но, инспекторите бараат докази како се лажирала увозната цена на зеленчукови производи, а царинската управа трага колку пари затаиле увозниците преку плаќање помал данок во овој сектор.

За Телма потврдуваат дека ќе има и прекршочни и кривични пријави, но засега е непознато за колкава сума е оштетен буџетот на државата.

Текстот во целост на: Телма.

фото: Телма.