Италијанска одбојкарка почина по пад од шести кат на хотел во Истанбул

0
142

Италијанската одбојкарка и членка на клубот Игор Горгонзола Новара, Јулија Итума, почина утринава по пад од шестиот кат на хотел во Истанбул, јавува Анадолу.

Полицијата соопшти дека 19-годишната Итума утрово во 5:31 часот паднала на тендата пред хотелот во истанбулскиот кварт Ускудар и дека починала на самото место.

Полицијата ги зела снимките од надзорните камери на кои се гледа и трагичниот пад на младата спортистка.

Од снимките на камерите внатре во хотелот утврдено е дека Итума синоќа во 22:49 часот имала едночасовен телефонски разговор пред вратата на собата во која била заедно со својата соиграчка од клубот, Шпанката Лусија Варела Гомез.

Во собата оттогаш не влегол никој освен споменатите одбојкарки, а Гомез за трагедијата дознала дури откако полицијата влегла во собата и ја разбудила.

Гомез рече дека со Итума разговарала синоќа во 1:30 часот и дека потоа заспала.

Полицијата разговарала со другите одбојкарки и со персоналот на италијанскиот клуб и никој од нив не знаел дали Итума имала приватни проблеми.

Истрагата за деталите за несреќата продолжува.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.