„Отидов во Македонија и нарачав хамбургер со помфрит, и го добив сето ова“,напиша Хари на својот фејсбук

0
118

Aмериканци кои патуваат по светот открија што им се случило во Македонија. Одри и Хари се двојка од САД која посетила дури 69 држави.

На нивната Фејсбук страница, The Budget Savvy Travelers, тие редовно ги информираат своите следбеници за нивните патувачки авантури, а во една од нивните последни објави го опишаа нивното искуство од Македонија.

„Отидов во Македонија и нарачав хамбургер со помфрит, и го добив сето ова“, напиша тој.

 

Со фотографија покажа дека добил месо, гравче тавче, помфрит и зеленчук во чинија. Но, бидејќи Американецот напишал Македонија, повеќе грчки граѓани му сугерираат дека се работи за Северна Македонија, а некои од нив дури употребија и термин Вардарска Македонија.

 

faktor.mk