(ВИДЕО) На ЕП во кревање тегови во Ереван – Запалено азербејџанското знаме

Иако многупати се апелира дека политиката мора да биде надвор од спортот, во пракса тоа не е така. Многу несовесни луѓе константно ги мешаат овие поими, користејќи ги големите светски сцени за да испратат некоја порака на која не ѝ е местото на терените, објави gol.mk.

Таква ситуација се случи во Ерменија, на Европското првенство во кревање тегови во Ереван. За време на презентацијата на Азербејџан, земја со која до неодамна Ерменците беа во војна, еден фан дојде до бината, го запали и одзеде знамето на соседите.

Обезбедувањето веднаш реагираше и го дофати сторителот, а тој по бркањето од салата пред народот беше дочекан како национален херој, бидејќи сите го поздравуваа и му дадоа овации.

извор: gol.mk.