Шестмина загинати и шест повредени лица во судар на автопат во Грција – во загинатите има и мигранти и трговци со луѓе од Сирија

0
155

Четири мигранти и трговци со луѓе од Сирија, загинаа денеска кога нивниот автомобил се судрил со друго возило, додека возеле во погрешен правец на автопат во Грција.

Во сударот загина и возачот на другото возило, 46-годишен Грк и возачот на мигрантите, а шесмина дополнително се повреденил.

Автомобил со возач и уште 10 патниви, од кои некои биле сместени во багажникот, се движел по стариот дел на автопатот далеку од границата кога во саботата утрото наишле на полициски пункт во близина на Александропулос.

Иако му било сигнализирано да сопре, возачот удрил во патролната кола која му застанала на патот и побегнал.

Осомниченито трговец со луѓе влегол на автопатот Егнација, главниот автопат исток-запад во северна Грција, кога директно се судрил со друго возило.

Полицијата соопшти дека возачите, двајцата мажи веднаш загинале, како и мажот кој ги превезувал миграниттие и девојка која седела во скут кај совозачот.

Уште две лица починале во болница, додека степенот на повредените не е познат.

извор: Република