(ФОТО) Вучиќ на подарок доби волнен елек

Српските граѓаните дојдоа да го поздрават претседателот на Србија Александар Вучиќ, во Моравица, каде присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот локален пат Придворица-Девиќи. Една госпоѓа му подари волнен елек, на кој беа извезени неговото име и грбот на Србија.

Им благодарам за прекрасниот гест на жителите на овој регион и за подарокот што го добив од госпоѓа Љубица. Така зимата ќе биде за нијанса потопла, а јас дефинитивно ќе го носам овој прекрасен елек и ќе се топлам цела зима, напиша претседателот на Србија на официјалниот Инстаграм профил покрај фотографијата.

извор: ФБ Александар Вучиќ