Научници: Овие 12 професии се првите на удар на вештачката интелигенција

0
225

Во последните неколку месеци, а особено по појавата на ChatGPT, се повеќе се дискутира за опсегот на чет-ботови и за можностите на вештачката интелигенција.

 

Чет-ботови се користат во одредени индустрии со години, а како што се развива технологијата, ботовите стануваат поинтелигентни и можат да извршуваат сè покомплексни задачи. Затоа, се повеќе се дискутира за тоа дека тие би можеле да заменат луѓе на некои работни места.

 

Иако неколку неодамнешни студии покажаа дека вештачката интелигенција ќе има најголемо влијание на подобро платените работни места за кои е потребно високо образование, вистината е дека работните места во многу индустрии се загрозени, пренесува N1.hr.

Во студија на Универзитетот во Пенсилванија, меѓу другото, се наведува дека за околу 80% од американската работна сила, вештачката интелигенција би можела да влијае на најмалку 10% од работните задачи.

 

Како што пишува Komando, студијата користела „изложеност“ на вештачка интелигенција како мерка. Во овој случај, работата се смета за загрозена ако вештачката интелигенција може да го намали времето за извршување на таа работа за најмалку 50%.

 

nova.rs