Најмалку дваесет и едно лице загина во пожар во болницата Чангфенг во Пекинг, по што се евакуирани десетици пациенти, објавија кинеските државни медиуми.
Персоналот евакуирал 71 пациент, објавија медиумите.
#BREAKING: At least 21 people killed in fire at hospital in Fengtai district of Beijing, Chinese state media sayshttps://t.co/nwWsTqntOs
— I.E.N. (@BreakingIEN) April 18, 2023
Видео снимките од пожарот кои кружат на социјалните мрежи покажуваат црн чад како излегува од зградата, додека некои луѓе излегуваат низ прозорците со јаже направено од чаршафи. Други се качиле на клима уредите што се наоѓаат веднаш до прозорците.
Пожарот е изгаснат, а причината се истражува, се наведува во извештаите, пренесува „Еј-Би-Си Њуз“.
Видео: ФБ Phoenix Li