Во Ветерник, Нови Сад, ситуацијата била тензична повеќе од 14 часа, откако маж се заклучил во својата работилница-гаража заканувајќи се дека ќе активира бомба.
Според неофицијални информации, М.Р пред неколку години се вратил во Ветерник по долг престој во Германија, со намера да започне приватен бизнис. Но, тој позајмил пари на пријател кој не му ги вратил, а како што пишуваат српските медиуми тоа ја предизвикало оваа драматична ситуација.
– Наводно, човекот кој се заканувал дека ќе се разнесе со бомба неодамна пристигнал од Германија и сакал да започне бизнис со автомобили. Сепак, тој позајмил пари на пријател кој сега не може да му врати. Се чини дека тоа е причината за ова растројство, пренесе Курир.рс.
Според медиумот, полицијата цела ноќ преговарала со М.Р. Улицата била цела ноќ затворена, а на местото на настанот дежурала полиција, брза помош и пожарникари.
По 14 часовни преговори мажот утрово се предал во полиција, потврдија за Танјуг од српското МВР.