Митрополитот Петар во Топ Тема за родовите односи: Има жени кои сакаат да имаат кариера и затоа земаат контрацепција или за да уживаат во половите односи, се одлучуваат на абортус!

Митрополитот Петар во вечерашната Топ Тема оцени дека вината за разводот на браковите во најголем случај е кај мажите, затоа што ги изневерувале жените.

Според црквата, само во тој случај бил дозволен развод на бракот, додека како решение за останатите причини за развод на браковите, како семејното физичко или ментално насилство, го препорачува решението: „жената да биде одвоена од мажот“, објави Телма . 

„Не мора да бидат заедно, но не мора да се разведат. Ние ги разведуваме жените кога ќе побараат, но треба да утврдиме зошто е побаран разводот. Кој е виновникот за разводот? Зборувам за црковниот суд, не граѓанскиот. Црковниот суд разведува или не разведува.“ – вели Митрополитот Петар.

Во однос на неговите коментари кои ги разгневија феминистките дека жените често кога сакаат да докажат дека имаат еднакви права, ја запоставуваат својата улога на жена и мајка, митрополитот Петар се „обиде“ да се дообјасни:

„Има жени кои сакаат да имаат кариера и заради кариерата која сакаат да ја имаат, земаат контрацептивни средства и не сакаат да родат дете. Втората работа е дека има жени кои заради тоа што сакаат да уживаат во половите односи, не сакаат да раѓат деца, па затоа ќе ги абортираат’“ – вели Петар.

Проблемот е во тоа дека заради кариера, не сака да биде мајка. Заради кариера не сака да забремени, изјави Митрополитот Петар.

Жената е рамноправна со мажот и јас тоа никогаш не сум го негирал. Само ми се импутира, тврди Петар.

 

извор: Телма