(ФОТО) Осветен храмот во Дортмунд посветен на Светите Кирил и Методиј

Со убави гости, со уште поубави домаќини. Со сонце и без дожд после седумдесетина дена.
Со многу насмевки и уште повеќе солзи радосници.
Со први крштевки и венчавка во новиот храм.
Денес гости испратени и спакувани куфери за утре.
Сполај на моите браќа архиереи за одвоеното време и за споделената радост.
Благодарност на моето верно свештенство што го поведе својот народ со себе да градиме и да делиме радости.
На одборниците и на народот што застана зад нив со вера во Бога и со запрегнати ракави.
Фала им и на сите оние пионери на нашата емиграција што ги сонувале овие денови на радост.
На поранешниот градоначалник кој имаше разбирање за нашата потреба од храм.
На сите убави луѓе.
На парохискиот свештеник.
Но пред сѐ и над сѐ на Господа Бога Кој нѐ милува, храни и смирува
-пишува во својата ФБ објава Отец Пимен.