МУП Србија го објави идентитетот на детето убиец, имал учествувано на многу училишни натпревари

Министерството за внатрешни работи на Србија го објави идентитетот на убиецот од Врачар. Станува збор за ученикот Коста Кецмановиќ (14) кој денеска упаднал во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар во Белград и уби најмалку шест лица, а неколкумина се повредени.

Како што може да се види во училишната евиденција, Коста Кецмановиќ учествувал на многу училишни натпревари. Неколку пати учествувал на натпревари по математика и добивал пофалби, објави Нова.рс.

Кецмановиќ лани го освоил и третото место на општинскиот натпревар по историја. Денеска целиот крвав поход започнал токму поради неговиот гнев кон наставничката по историја, на чијшто час утрово упаднал и почнал да пука.

Пукањето се случило околу осум часот, кога Коста упаднал во училиштето и почнал по случаен избор да пука.

 

Извор: Нова.рс.

Фото: Блиц