Најмалку 6 лица меѓу кои и повеќе ученици, наставничка и припадник на обезбедувањето се убиени денеска во училиштето „Владислав Рибникар“ во населбата Врачар во Белград, пренесе предмалку српскиот портал Нова.рс
Убиството го извршило 14 годишно момче а според информациите на овој медиум, тој со пиштол влегол во една училница каде бил во тек час по историја и отворил оган кон учениците, откако најпрвин смртно ја застрелал наставничката.
Три деца се хоспитализирани во Детската универзитетска клиника во главниот град на Србија, од кои две се во стабилна состојба, но едно дете и натаму е во критична состојба, пренесува порталот Нова.
Неофицијално, се говори за повеќе од 10 ученици со прострелни рани кои биле пренесени во Ургентниот центар.
Прва жртва на нападот бил чуварот во училиштетот, идентификуван како Драган, кој набргу откако бил застрелан, починал од раните.
Пред училиштето „Владислав Рибникар“ биле испратени повеќе возила на Итната помош кои се обиделе да им помогнат на ранетите деца.
Откако го извршило злосторството, 14 годишното момче, исто така ученик во училиштето, побегнало но набргу потоа било уапсено од полицијата.
фото: Немања ЈОвановиќ/Нова.рс