Цената на дизел горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар за литар, а бензинот еуросупер-95 поскапува за половина денар, додека цената на еуросупер БС-98 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,6 отсто. Новата малопродажна цена на еуросупер БС – 95 ќе биде 77,5 денари за литар, еуросупер БС – 98 ќе се продава за 79,5, еуродизел БС (Д-Е V) за 67,5, а екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 66,5 денари за литар.