Еден по еден владините министри кажуваат колкави им се платите со последното зголемување од 78% колку што се офајдија функционерите во државата по одлуката на уставниот суд. Денеска тоа на брифинг го сподели и министерот за финансии, кој сепак не кажа од каде ќе има пари во државната каса за оваа намена, објави Алфа.мк.
125.960 денари. Толку пари за април му легнале на министерот за финансии Фатмир Бесими, согласно новото зголемување за 78%. Како што пресмета денеска на брифингот со новинарите, до сега земал 71.145 денари. Рече дека зголемена плата за 78% им се исплаќа на 1.060 функционери и дека за таа намена до крајот на годинава од Буџетот ќе се потрошат дополнителни 960 милиони денари. Од каде ќе најдат пари од буџетот, однсоно од која ставка се пренаменети, министерот не кажа.
Текстот во целост на: Алфа.мк