Во пресрет на вториот круг на претседателските избори што треба да се одржи на 28 мај, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе извојува убедлива победа, јавува Анадолу.
„Сега е време успехот што го постигнавме на 14 мај да го крунисаме со поголема победа“, напиша Ердоган на Твитер.
Милиони гласачи излегоа на гласање во неделата за да ги изберат претседателот на земјата и членовите на нејзиниот Парламент од 600 места.
Народна алијанса на Ердоган освои мнозинство во Парламентот. Вториот круг од изборот за претседател ќе се одржи на 28 мај, бидејќи ниту еден од кандидатите не го надмина прагот од 50%.
Ердоган и неговиот најблизок конкурент Кемал Киличдароглу, водач на главната опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) и кандидат за шестпартиската опозициска Национална алијанса, ќе се соочат во вториот круг.
„Ние сме сојуз што ги става националната волја и љубовта да и се служи на земјата и на нацијата во центарот на својата политика“, рече Ердоган.
Тој додаде дека само со напорна работа можат да го вратат долгот на благодарност кон нацијата.
„Туркије очекува услуга од нас, очекува акција. Нашата нација од нас очекува да ги исполниме поставените цели“, напиша турскиот претседател.